Дома > Вести > Балкан
Грчки калуѓерки во бегство поради банкарски долг
МИА
31.01.2007
Педесет и пет калуѓерки побегнале од грчкиот манастир „Свети Кирикос и Јулитис“ во близина на градот Сер и се кријат поради долг во висина од 600.000 евра.
Калуѓерките пред неколку години подигнале кредит од банка и за 250.000 евра купиле машини за плетење со кои планирале да плетат облека и да ја продаваат во повеќе продавници. Но, нивниот бизнис-план пропаднал, а долгот кон банката со каматите пораснал на 600.000 евра.
Се претпоставува дека калуѓерките се кријат во некој друг манастир, додека грчките медиуми наведуваат дека грчката Православна црква понудила помош за отплата на долгот кон банката.
|