Издавач: Анастадис Ставрос
Се издава од: Уредничката Комисија на Виножито
Одговорен пред законот: Тасопулос Костас
Адреса: Stefanou Dragoumi 11 PO Box 51 531 00 Florina GREECE
Телефон: +30 (0)385 46 548
Телефакс: +30 (0)385 45 044
Е-пошта: misirkov@compulink.gr
Годишна претплата: Грција: 5 000 ДРХ Странство: 50 УСД
Жиро сметка за Грција: National Bank of Greece 612749/52
Жиро сметка за странство: National Bank of Greece 484 430000364 |
ВО ОВОЈ БРОЈ . . .
ДЕКЛАРАЦИЈА од Средбата на малцинствата од Балканските земји...
СУДЕЊЕТО во Лерин...
РАМКОВНАТА Конвенција за малцински права...
ГРКО-ЦЕНТРАЛИЗМОТ кај надворешната политика на Грција...
ИЗВАДОК од грчкиот печат...
ПИСМО до претседателот на Република Грција...
ДЕЛ од грчката антимакедонска борба во почетокот на веков...
ОКОЛУ црквите Кирил и Методиј на просторот на Грција...
ВПЕЧАТОЦИ и коментари за 3-от семинар по македонски јазик и култура во Охрид ...
СЕКОЈА песна и една историја...
ЕДЕН народ го наоѓа својот глас...
ПИСМА од читателите...
Ги известуваме нашите читатели дека текстот на македонски околу материјалите од отворената трибина што ја организираше "Виножито" на 10. Мај 1997 година на тема "Јазичните, културните и етничките разлики во Европа денес и ситуацијата во Грција", ќе бидат објавени во следниот број на весникот НОВА ЗОРА. |
.... Ете после неколку време, пак сме заедно.
.... Минатата 1997 година беше обележана со организирањето на Втората конференција на ВИНОЖИТО, кога се усвои политичкиот манифест и организационите принципи.
.... Се вклучивме во ИНТЕРНЕТ.
.... Организиравме за прв пат отворена трибина околу малцинските прашања во Грција со гости и од странство, се запознавме и разменивме мислења со претставници од Турското национално малцинство како и со Власите во Грција.
.... Продолживме со контакти со меѓународни организации и институции.
.... Ги продлабочивме нашите контакти со Македонците - политички емигранти, со македонските печалбари, но и со грчките демократи.
.... Доживеавме пред почетокот на 21. век да ни се суди за јавна употреба на мајчиниот македонски јазик, но македонската песна на јавни манифестации во нашите краишта се повеќе се слуша без страв.
.... 1998 година не' наоѓа зрели како никогаш порано.
.... Се надеваме дека 1998 година ќе биде година во која Рамковната конвенција за човкови права при Советот на Европа не само што ќе се ратификува од страна на Грчкиот парламент, туку и ќе стане пракса.
.... Созреаа условите за политичкиот врв и грчкото општество да се ослободи од предрасудите и стравовите на минатото, со цел сите заедно да чекориме кон изградбата на нашиот заеднички европски дом. |