Проклетија
Солзите скриени од изгонот
сеуште капат во егејот
бранови прават бесчујни
лелеци пискоти
утробата на пирина ја параат
а тој кутриот
врие ли врие
но нејсе
само вардаров
немо течи
и вардарецот да дува
не го сака веќе
клокотот од врелото свое
го изгуби
снеговите на шара
ги отопи
опусти
само хранилката пелагонија
ах пуста ти била
не било дадено од бога
олкава проклетија
безбели
од луѓе ќе ти било ова
зер мајко македонијо
толку ти се одмилило
синови чесни да раѓаш
зер несакаш веќе
сонцето д те грее
та толку
мраког го гушкаш
Проклетсво од Искона
Немојте
немојте браќа христијани
да го колнете часот
но и проколнувате денот
кога тргнавме
и кога
го напуштавме топлите домови
оставаќи ги најмилите
да стрепат постојано
а ние да одиме
и лутаме
по овие беспаќа
подобро е
да го колнеме
часот кога се родивме
на ова парче земја
да да
часот на нашето раѓање
зошто тогаш го продолживме
вековното македонско проклетство
кои ни го дадоа
нашите татковци
а ним
нашите дедовци
а ним
нашите прадедовци
и се така до искона
и од искон до денес
вековното македонско проклетство
што во ген го носи секој
кој го носи името
Македонец
зарем ве молам
сте виделе
или може*и сте чуле
врана на врана
очи да колва
не не и не
и нема да видете
но ќе видете
и чуете
но сум видел
и сум чул
како
македонец на македонец
очи си вади
македонец на македонец
душа си труја
македонец на македонец
нож во грб зарива
но тоа е нашето проклетство
да се родиме и растиме
на ова парче земја
да ја сакаме
да ја пееме
да ја опејуваме и воспеваме
за неа крв да лееме
за неа да умираме
но
и да и бидеме душмани
попусто и залудно
ги бараме насекаде
душманите македонски
тие се тука
со нас
но и во нас
зарем мислите залудно е кажано
или навистина имале право
тие кои рекле
но и некаде запишале
на Македонија
најголем душман
и е
Македонецот.
една мала порака од авторот до сите кој ќе ја прочитаат,прочитајтеја добро еднаш,двапати трипати или стопати и ако навистина се најдете во песната тогаш навистина вие имате многу македонско во вас,но воедно со самото имање вие го носите проклетството,да ја сакате но и да ја мразите македонија.
Канонада од зборови се устурија
еве сега во овој час
некои беа навредливи
некои со завист полни
од злобници малку што се збрале
и тајфа мислат ќе направат
и маса луѓе ќе соберат
и водачи смели ќе ги сторат
во понори ќе ги носат
со пења на устата пламено зборуваат
и само времето го трошат
измина час еден цел
небило речено за лидери да се сторат
ги презреа
ги прочитаа
та не беа први што овде дојдоа
та не беа први што така пламено зборуваа
та не беа први што сал злоба сееа
се заситија и овие луѓе
се засити и оваа земја
се засити и овој воздух
од плукачи и врескачи
кои пророци се прогласија
кои лидери сакаат да бидат.
Лажни Лидери
Никодин Чернодримски
|