Предавниците не заслужуваат ни презир
-Заминувам-беше краток Аврил
-Добро –му возврати Леонид.
-Дали ме слушна Леониде заминувам,заминувам засекогаш.-со гласот сакаше Аврил барем миг внимание да привлече од Леонида,само сега тоа тешко му одеше.и бесот кој вриеше во него не можеше да го контролира,целосното игнорирање со секоја помината минута го кинеше на парчиња,успеваше со големи маки да се исконтролира,да ја стави насмевката на лицето и да им се насмее на луѓето,но таа насмевка и колку да сакаше да ја направи природна едоставно таа него го издаваше.и сега повторно Аврил денес застана пред Леонида кажуваќи му дека заминува засекогаш.
Леонид и колку да имаше чувстава кон Аврила со предавството што го изврши,одеднадеш му го замрзна срцето,кога беше сам леонид се прашуваше дали и навистина сите години на пријателство беа вистински или беа само еден параван за да може Аврил да дојди до целта која од тоа што го направи долго време ја планирал,се почуствува измамен,изманипулиран,се почуствува не незнаеше леонид веќе тоа чувство на разочарување правилно да го дефинира.му беше доволен само еден поглед кон аврила за да пламни.
-Замини замини за секогаш ти проклетнику,замини и никогаш немој да се враќаш на оваа грутка земја,таа не твоја,а и никогаш не била твоја,замини зошто премногу несреќи донесе-го погледна со омраза во очите-замини што чекаш,и онака овде веќе никој не те сака,кај никого не си добредојден,ајде ајде замини веќе еднаш и изгубимисе од пред очите.
Напнатоста помеѓу нив двајцата од миг во миг растеше,Аврил стоеше и молчеше,мислеше дека сепак Леонид ќе се премисли и повторно ќе си подадат рака како некогаш,ќе се ракуваат и повторно ќе кројат планови за иднината на овој напатен народ,но тоа не се случи.Леонид молчешкум се заврти,гордо со дигната глава зачекори напред по улицата,го остави Аврил сам на масата да седи,сам зошто уште неколкумина кој седеја на масите кога разбраа кој седи тука во нивната близина,стануваа и му испраќаа погледи со презир,замина Леонид и не се заврти да го погледне барем и да го види Аврил како стои и исчекува повторно да го викнат да му простат и да одат понатаму.
-Леониде-викна,но гласот му се стегаше од солзите кои му навираа,барем еден збор на прошка да му кажеше,
Леонид со сета лутина и бес во себе се заврти и силно викна ,викна да слушнат сите во улицата.
-Авриле,предавниците не заслужуваат ни презир а камоли прошка,оставам на историјата да ти пресуди,оставам со најгустото црно мастило да го запише твоето име,така да ни времето да неможе да го избрише.-ги изговори овие зборови и со брзи чекори се одалечи.
Аврил стоеше сам,сега кога остана сам со себеси,не знаеше каде да замине,овде во својата земја беше веќе туѓ,обележан како предавник,предавник кој ги продал насветлите идеали на своите браќа,на своите соборци,да се вратеше таму од каде што дојде,таму од каде што така наивно падна во пајаковата мрежа,падна и несвесно влезе во играта која кога ја заврши задачата виде што сторил да се вратеше ,и таму беше непожелен,сега за нив беше само потрошена роба,да се вратеше кај нив посакуваше барем да го ликвидираат,но познаваќи ги знаеше дека нема да го направат тоа,нешто одвнатре му кажуваше дека и тоа нема да го направат,ќе му го подареа сега животот,не не знаеше дека тоа нема д биде живот,ќе му го подареа сопствениот пекол од кој никогаш повеќе немаше да излези,ќе му го подареа пеколот за да се бори со сопствените демони,а ги разбуди со предавството.стоеше Аврил на улицата со погледот во калдрамата,ја гледаше и свати дека навистина предавниците не заслужуваат ни презир
Никодин Чернодримски
|